МИ6 назначи нов шеф на британската тајна разузнавачка служба

Велика Британија денес го назначи дипломатот Ричард Мур за нов шеф на британската тајна разузнавачка служба, позната како МИ6. Мур, генералниот директор за политички прашања во Министерството за надворешни работи, ќе ја преземе должноста од досегашниот шеф на МИ6, Алекс Јангер, во есен, пренесе Ројтерс. МИ6 работи во странство и има задача да ја брани Велика Британија и нејзините интереси, наведува агенцијата.