Мицкоски: И посакувам на Албанија многу успех и брзо да го заврши преговарачкиот процес

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски и посака многу успех на Република Албанија во преговарачкиот процес во ЕУ, откако денеска нашиот западен сосед се оддели од заедничкиот пат на Македонија кон пристап во Унијата.

„Сакам да им посакам успех на нашите соседи, брзо да го завршат преговарачкиот процес, и се надевам дека еден ден нашите патишта повторно ќе се сретнат кон ЕУ“, изјави Мицкоски.