Министерот за имиграција на Австралија на посета на Македонско училиште “Филип Втори” во Сиднеј

Училиштето за македонски јазик Филип Втори во Пикхрст беше домаќин на високиот гостин од австралиската влада министерот за имиграција и мултикултура г-н Дејвид Колман. Министерот се интересираше за работата на ова училиште и ги посети сите паралелки на македонски јазик. Министерот беше воодушевен од работата и организираноста на македонското етничко училиште . Македонското етничко училиште Филип Втори е добитник на многу награди а мината недела ја доби и наградата за допринос во општеството  од парламентот од Нов Јужен Велс./www.shilomagazine.com.au