Министерот за надворешни работи, Бујар Османи на маргините на 77-то Генерално Собрание на ОН во Њујорк учествуваше на состанок на министрите на земјите членки на САД-Јадранската Повелба

 

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на маргините на 77-то Генерално Собрание на ООН во Њујорк, учествуваше на состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на САД-Јадранската Повелба (А5), во организација на Црна Гора, како актуелен претседавач со Повелбата.

Во своето излагање министерот Османи истакна дека Македонија го презема претседавањето со А5 идната година, кога се одбележува и 20 годишнината од основањето на регионалната организација. Воедно, ги поздрави постигнувањата на Повелбата рефлектирани во успешното исполнување на стандардите и критериумите и соодветно зачленување на четири земји од А5 во НАТО Алијансата. Дополнително ја нагласи важноста и од забрзување на евроинтегративните процеси на земјите од регионот, како особено значајна инвестиција во целокупната регионална и европска безбедност.

“Отворањето на пристапните преговори на Македонија со Европската Унија ја нагласи важноста на политиката на проширување како еден од најуспешните проекти за зајакнување на европското единство и консолидирање на безбедносните и демократските принципи и вредности. Новото поглавје во односите со ЕУ претставува охрабрувачка порака за евроинтегративните процеси на останатите земји од Западен Балкан, што е особено значајно во контекст на новата геополитичка реалност.” – подвлече Османи.

Воедно, Османи ја поздрави силната поддршка на САД за активностите на Повелбата, изразувајќи благодарност за континуираниот американски ангажман за зачувување на регионалната стабилност и евро-атлантската перспектива на земјите од Западен Балкан.

Земји членки на САД-Јадранската Повелба (А5) се Албанија, Македонија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора и САД, додека земји набљудувачи се Косово, Словенија и Србија.

Advertisement