
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска во Брисел учествуваше на средба со Групата „Пријатели на Македонија” во Европскиот Парламент.
Османи за време на средбата се осврне на актуелниот момент во односите меѓу Европската Унија и Македонија и изрази благодарност за поддршката и конструктивниот пристап на Европскиот парламент во процесот на пристапување на Македонија во Европската Унија, рефлектирана преку бројните иницијативи, како и во резолуциите за нашата земја.
Групата „Пријатели на Македонија“ е неформална група составена од пратеници во ЕП од различна политичка провиниенција, која е замислена како своевиден форум на обезбедување поддршка на Македонија во нејзините европски аспирации и цврста потпора на нашиот европски пат. Претседател на оваа група е европратеничката од Словенија, Ирена Јовева.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden