Министерот за надворешни работи, Османи оствари средба со Абдрахманов, висок комесар за национални малцинства на ОБСЕ

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Бујар Османи денес оствари средба со високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ Каират Абдрахманов.

На средбата беа разменети мислења за важноста од активен пристап во креирањето политики на зајакната интеграција и општествена кохезија. Соговорниците беа согласни дека Македонија претставува функционална мултиетничка демократија, чиј модел на општествена интеграција на сите заедници претставува позитивен пример во регионот и пошироко.

Како претседавач со ОБСЕ во 2023 година, ќе работиме на активна промоција на постигнатото и на придобивките на нашиот уникатен модел на општествена кохезија и еднакви можности. Постигнувањата на овој план се конкретен придонес на нашата земја и истите ќе бидат афирмирани и поттикнувани и во нашиот иден ангажман во рамките на ОБСЕ” истакна министерот Османи.

Во тој контекст, се дискутираше и за претстојното претседавање на нашата земја со ОБСЕ, како и за соработката и промоцијата на политиките во рамките на хуманата димензија на Организацијата.

Advertisement