Министерството за надворешни работи со осуда за изјавите на Месила Дода

Министерството за надворешни работи на Република Македонија денеска ги осуди јавните настапи со навредлива и запаллива реторика на Месила Дода кои се однесуваат на Република Македонија. Неодговорните изјави на јавни личности, кои, по својата функција, налагаат и подразбираат одговорност за јавно искажаниот став, не се во духот на добрососедските односи и декларираните заложби за пријателство и соработка меѓу двете земји, и особено не во духот на европските вредности. Од МНР апелираат официјалните лица во соседството, да се воздржат од потпалување на тензиите во регионот, бидејќи според МНР, покорисно би било доколку нивната енергија би ја насочиле кон конструктивни предлози и иницијативи за зајакнување на соработката и довербата меѓу двете земји, и побрза европската интеграција. Остануваме уверени дека пратеничката функција подразбира голема чест, но и највисока одговорност стои во реакцијата на МНР.
Advertisement