Мисајловски на средба со бригаден генерал Билбил Битри командантот на Бригадата на Југоисточна Европа

Фото: Министерство за одбрана

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска оствари средба со командантот на Бригадата на Југоисточна Европа (SEEBRIG), бригаден генерал Билбил Битри од Албанските вооружени сили кому му завршува мандатот како командант на Бригадата.

Се заблагодарив за неговата професионалност и значајниот придонес во унапредувањето на оперативната подготвеност, мултинационалната соработка и регионалната безбедност во рамките на SEEBRIG. Воедно, ја потврдивме посветеноста на Македонија кон процесот SEDM и понатамошниот развој на SEEBRIG, како и нашата поддршка за непречено и успешно спроведување на релокацијата на Командата во Истанбул. Во иднина продолжуваме активно да придонесуваме кон зајакнувањето на регионалната соработка, меѓусебната доверба и стабилноста, објави Мисајловски.

На генералот Битри, тој му посака успех во понатамошната професионална кариера.