Мисајловски од Минхен: Историски најголем буџет за модернизација во одбраната, набргу нè очекуваат и многу нови договори

Набргу нè очекуваат и многу нови договори, што Министерството треба да ги направи за наредни 10 години. Ова е обврска која ја преземавме согласно членството во НАТО, нашите цели на способност, но и во наредниот период како да се домодернизираме со новите цели, во наредниот период, посочи Мисајловски во изјава за МРТ.

Историски најголем буџет издвоен во рамки на Владата во овие над 30 години. Благодарност до пратениците и до секој еден кој што ни дава поддршка бидејќи станува збор за огромна сума на средства, порача од Минхен македонскиот министер за одбрана Владо Мисајловски.

Над 32% издвојуваме директно за модернизација. Тоа значи нови проекти, оние обврски кои ги имаме од минатото да се исплатат, но и да започнеме од оваа година, веќе започнуваме со доста земји да преговараме. Набргу нè очекуваат и многу нови договори, што Министерството треба да ги направи за наредни 10 години. Ова е обврска која ја преземавме согласно членството во НАТО, нашите цели на способност, но и во наредниот период како да се домодернизираме со новите цели, во наредниот период, посочи Мисајловски во изјава за МРТ.

Тој потсети дека последната одлука од Хаг е буџетот да расте 3,5% за одбраната и оцени дека тоа се сериозни средства./kurir.mk