Мисајловски: Реконструкција на касарната „Јане Сандански“ во Штип, годинава над 17 проекти во Армијата (ВИДЕО)

Фото: курир.мк

Денеска извршивме увид во тековните градежни активности во касарната „Јане Сандански“ во Штип, кои се реализираат со цел подобрување на условите за припадниците на Армијата, објави на социјалната мрежа на Фејсбук министерот за Владо Мисајловски. Проектот опфаќа сеопфатна реконструкција на објектот, со активности насочени кон подобрување на функционалноста, безбедноста и енергетската ефикасност.

Фото: Facebook/Vlado Misajlovski

За оваа година се опфатени над 17 проекти, кои се однесуваат на градежни активности низ сите касарни и објекти во рамки на Армијата и Министерството.

Нашата цел е јасна, модерна, опремена и силна Армија со современи услови за работа, затоа што нашите припадници заслужуваат најдобра поддршка додека ја штитат и бранат нашата татковина. Подобрувањето на условите за работа останува наш врвен приоритет, пишува Мисајловски во својата објава.

Мисајловски: Реконструкција на касарната „Јане Сандански“ во Штип, годинава над 17 проекти во Армијата (ВИДЕО)