Мисајловски: SEEBRIG – Шест години достигнувања, зајакната доверба и партнерството

Фото: Министерство за одбрана

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска во кумановската касарна „Боро Менков“ присуствуваше на церемонија за затворање на Командата на Бригата на Југоисточна Европа во Македонија.

Бригадата на Југоисточна Европа (SEEBRIG) – Шест години достигнувања, зајакната доверба и партнерството. Денеска заврши едно успешно поглавје за SEEBRIG, во кое Македонија беше домаќин на Командата на оваа значајна регионална иницијатива, каде уште еднаш покажавме дека сме кредибилен, сигурен и активен партнер, подготвен да преземе одговорност и конкретно да придонесе за регионалниот и меѓународниот мир и безбедност. Еден од најуспешните примери за регионална одбранбена соработка, изградена врз вредностите кои сите ние ги споделуваме е потврда дека оваа соработка е практичен и ефикасен инструмент за зајакнување на колективната безбедност. Нашата соработка продолжува од нејзината нова локација во Истанбул, Република Турција, вели Мисајловски.

Фото: Министерство за одбрана
Фото: Министерство за одбрана

Министерот изрази благодарност до сите команданти и припадници на Командата кои служеа овде во Куманово, за нивната посветеност и придонес во исполнување на мисијата.