Мисајловски: Свечено отворена спомен-соба на Генерал Михаило Апостолски

Министерот за одбрана на Македонија, Владо Мисајловски објави дел од атмосферата по повод патрон празникот на воената Академија. Денес го одбележуваме Денот на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – институција која повеќе од три децении создава кадар што со знаење, чест и професионалност придонесува за безбедноста и стабилноста на нашата држава. Упатувам искрени честитки до сите питомци, кадети, офицери и вработени за нивната посветеност, одговорност и значаен придонес во јакнењето на одбранбениот систем, објави Мисајловски.

Министерот за одбрана истакна дека Воената академија и понатаму ќе биде симбол на знаење, дисциплина и лидерство, создавајќи нови генерации подготвени да одговорат на предизвиците на современото време.

Во чест на патронот на Академијата, Генерал Михаило Апостолски, денес свечено ја отворивме и Спомен-собата посветена на неговото дело и наследство – траен сведок на неговиот придонес во македонската воена историја, потенцира во објавата Мисајловски.