
Во пресрет на празникот на Свети Наум, митрополитот корчански Анастаси го посети манастирот „Свети Наум“, каде што учествуваше во празничната атмосфера и во богослужбите организирани по повод празникот.
За време на посетата, митрополитот корчански Анастаси оствари братска средба со митрополитот дебарско-кичевски Георги, присутен беше и митрополит европски г.Пимен архиереите разговараа за значењето на зачувувањето на духовната традиција, унапредувањето на меѓуцрковната соработка и заедничкото сведочење на православната вера.
Средбата помина во духот на братската љубов, меѓусебната почит и пријателството, при што беа истакнати добрите односи и соработката меѓу двете митрополии.




Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden