Митрополитот на Корча, Јован чувар на тронот до избор на нов Архиепископ

Митрополитот на Корча, Јован е избран за Местобљустител на Архиепископскиот трон на Автокефалната православна црква на Албанија. По смртта на архиепископот Анастас, Синодот одлучил да прогласи петдневна жалост, почнувајќи од  од 25 до 29 јануари 2025 година.

Во вторник на 28 јануари пред Соборниот храм „Воскресение Христово“ во Тирана, ќе биде пречекано телото на покојниот Архиепископ, по што ќе биде изложено за народно поклонение во Соборниот храм преку целата ноќ до наредниот ден, среда, 29 јануари 2025 година.

-Опелото да се одржи во четврток, 30 јануари, во 11:00 часот, по завршувањето на Божествената Литургија, стои во одлуката на Синодот на Автокефалната православна црква на Албанија.