
„Ги гледам овие салта и гимнастики кои ги прави опозицијата. Не само што не е вистина, туку за мене претставува чудно во отсуство на било каква идеја, која може да мобилизира или да придонесе во рамките на општестениов живот, вие за таа тема да вадите ваква кампања и тоа против партија од каде почива фундаменталната тема на политиките да се бориме против илегалната миграција“, рече премиерот.
Тој за СДСМ вели дека немаат идеја, се обидуваат да се мобилизираат и да растураат пердуви.
„Ние дури најавуваме борба против илегалните мигранти по примерот на „Сејф сити“, ќе развиеме проект „Сејф кантри“, со тоа што нашите граници ќе бидат целосно под мониторинг за да не се случуваат вакви работи. Апсолутно ги отфрлам како неточни овие обвинувања. Во изјавите од Обединетото Кралство се вели дека неуспешни апликанти ќе праќаат, но за ваква тема воопшто не е разговарано, и да се разговара, ќе бидат одбиени. Додека сум јас премиер, ниту еден бегалски шатор нема да никне во Македонија“, додаде Мицкоски.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden