
Фото: Facebook/Hristijan Mickoski
Претседателот на Владата на Македонија, Христијан Мицкоски вечера имаше средба со германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул, кој престојува во работна посета на земјава во рамки на турнејата во земјите од Западен Балкан.
На средбата, како што е објавено на Фејсбук профилот на премиерот Мицкоски, станало збор за тековните регионални предизвици и можностите за заеднички иницијативи.
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски вечера средба со германскиот министер за надворешни работи, Јохан Вадефул. Разговаравме за продлабочување на соработката меѓу двете земји, тековните регионални предизвици и можностите за нови заеднички иницијативи, се наведува во објавата на премиерот Мицкоски.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden