
Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски преку објава на „Фејсбук“ информираше за средбата со министерот за надворешни работи на Чешката Република, Петр Мацинка, оценувајќи ја како успешна и конструктивна.
„Разговаравме за одличните билатерални односи меѓу Македонија и Чешка, можностите за нивно дополнително продлабочување, како и за европската перспектива на нашата земја“, напиша Мицкоски.
Премиерот посочи дека особено ја цени поддршката од Чешка за европските интеграции на Македонија, како и заедничката посветеност на градењето стабилна, просперитетна и европска иднина.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden