Млади за Македонија: Бараме човекови права за Македонците во Пиринска Македонија

Млади за Македонија се придружува на повикот на Европската слободна алијанса за почитување и признавање на македонското национално малцинство во Бугарија. Бараме бугарската влада да спречи секаков обид за повреда или ограничување на слободата на здружување, како што е најавената дерегистрација на малцинска организација за човекови права.

Млади за Македонија питсетува дека воените рапарации на Бугарија за окупацијата на Варднарска Македониа сеуште не се завршена работа. Затоа бараме исполнување на должностите од воените рапарации на Бугарија – целосно ослободување на Пиринска Македонија!

Наместо слободни, Македонците во Пиринска Македонија од доминантен народ се од репресии и притисоци кои резултираат со асимилција и уништување на Македонците во Пиринска Македонија. Само пред неколку дена, бугарското обвинителство побара од Регионалниот суд во Благоевград да го прекине регистрацијата на организација формирана од етнички Македонци за заштита на основните права и слободи на малцинството. Организацијата беше регистрирана од страна на Агенцијата за регистрација, под Министерството за правда, претходно оваа година под името „Граѓанска асоцијација за заштита на основните индивидуални права“.

Македонците во Пиринска Македонииа се жртви на континуирано прекршувања на основните права и случаи на говор на омраза и заплашувања против македонската заедница што мора да се реши. – стои во соопштението на Млади за Македонија.