ММДЧП: Републиканската партија ја остави Македонија на цедило

Од непознати причини, политиката на Сорос, Хилари и Обама се’ уште е на сила во Македонија (ќе ја наречеме оваа политика „СХО“, бидејќи Американците се чини дека сакаат акроними), а Републиканската партија не сака да стори ништо во врска со тоа. Добро, почнаа да се занимаваат со тоа, со тоа што започнаа истрага во Конгресот за мешањето на СХО во Македонија, но изгледа дека вниманието им го одвлече некоја верверичка или Трамп.

Претпоставката дека земја како Македонија не е од интерес на американската надворешна политика е аргумент на наивните. Американската надворешна политика е политика на интервенционизам, секаде, за што има неброени примери од изминатите седумдесет години, вклучително и многубројни примери во Македонија во последните неколку години. Сега се соочуваме со нешто поинакво, па клучното прашање е: Зошто Републиканската партија толку целосно и’ се предаде на политиката на Демократската партија и дозволи непречен државен преврат предводен од СХО? Постојат само две опции: некомпетентност или соучесништво.

Не можев ниту да замислам дека соучесништвото е можна опција се’ додека Државниот Секретар Тилерсон не му честиташе на новиот македонски „Премиер“, поставен од СХО, за освојувањето на непостоечкиот мандат. Неговата партија всушност ги изгуби парламентарните избори, но Стејт Департментот на САД се потруди про-СХО, левичарска коалиција сепак да ја раководи Македонија. Господине Тилерсон, поправете ме ако грешам дека сте соучесник. Можно ли е да се работи за некомпетентност? Најдобро е да му укажете на Стејт Департментот да ја следи ВАШАТА политика и да престане со неуморните напади на македонскиот идентитет и независност.

Простете ми го гневот – или немојте, искрено, не ми е гајле – зашто името на мојата земја, нејзиното етничко потекло, јазик, идентитет и територијален интегритет се под закана за да се исполни целта на американската надворешна политика да се негира постоењето на македонците за да им се удоволи на нашите потчинители, Бугарија, Албанија и Грција. БАГ, ако сакате. Или да не претеруваме со акронимите, да не го збуниме Претседателот на САД, ако случајно ни обраќа внимание.

Македонија е нашето име. Нашата етничка припадност е македонска. Од секогаш било така. Го објаснив идиотизмот на вештачки создаденото, анти-македонско „прашање за името“, кое е во суштината на кризата во Македонија и регионот, во оваа колумна во The Hill. Не би требало да постои потреба да се брани постоењето на мојата или која било друга етничка група.

Во една друга моја колумна во The Hill го повикав Доналд Трамп да ја поправи штетата што на Македонија и’ ја нанесе претходната администрација на САД. Но, ете, Трамп не дејствува освен ако не се работи за НФЛ, белите националисти, или Боб Коркер. Господине Коркер, можеби можам да ве научам неколку македонски одбрани зборови да му ги напишете на Трамп на Твитер за да му го привлечете вниманието. Пишете ми на Твитер.

А може и Републиканската партија да се заангажира и да ја заврши истрагата во Конгресот – уште пред неколку месеци. Но почекајте, веќе потрошивте премногу време и веќе го знаеме исходот. Мајк Ли, Тед Круз и другите што ја започнаа истрагата треба да дејствуваат СЕГА. Македонија и Македонците бараат буквално да ја спасите нашата земја и етничка група од истребување. Се’ што треба да сторите е да потенцирате дека САД застанува во одбрана на нашите најосновни човекови права – нашето право да постоиме – и дека САД бара веднаш да престанат расистичките, анти-македонски преговори за името. Една реченица ќе ја спаси нашата земја. За само 140 знаци или и помалку од тоа – стои во соопштението потпишана од претседателот на Македонско Меѓународно Движење за Човекови Права, Бил Николов.

Advertisement