Монографија за 70-годишен јубилеј на Институтот за фолклор „Марко Цепенков“

 

Како резултат на 70 години постоење и работа на Институтот за фолклор „Марко Цепенков“-Скопје, придружна членка на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, во 2020 година е објавена монографијата „70 години 1950 – 2020“. Ова дело е во издание на Институтот, во редакција на д-р Зоранчо Малинов и д-р Катерина Петровска-Кузманова. Како што информираат од Институтот, свечената промоција по повод јубилејот нема да се одржи поради актуелната ситуација со Ковид пандемијата.

Advertisement