Мосад се инфилтрирал во Француската разузнавачка служба

Францускиот весник „Ле Монд“ го изнесе тврдењето дека израелската тајна разузнавачка служба Мосад успеала да се инфилтрира во редовите на француската разузнавачка тајна служба и да врбува агенти за своите потреби.

По добивањето на информацијата од внатрешните дописи во рамките на истрагата што ја започна француската тајна разузнавачка служба, весникот објави напис во кој го изнесе тврдењето дека во рамките на заедничката операција на израелската и француската тајна разузнавачка служба во 2010 година во врска со хемиските планови на Сирија, некои француски тајни агенти биле врбувани од страна на Мосад да работат за нив.

Во веста се истакнува дека како резултат на следењето на контраразузнавачката служба, беше утврдено дека еден француски агент имал близок контакт со лицето Д.К., шефот на Мосад за Парис. Согласно заедничката операција „Ратафиа“, француските и израелски агенти, од сирискиот експерт за хемија кој се едуцираше во Франција, се обидоа да добијат информации за хемиската вооружена програма на Сирија.

Израелската тајна разузнавачка служба го разубедија сирискиот инженер да им даде информации како за хемиските активности на Сирија така и за другите сириски инженери. Шефот на одделението за Париз при Мосад истакна дека некои француски агенти пак се обидувале да собираат информации за себе и да работат во своја корист.

Според внатрешните дописи на тајната служба, францускиот агент кој вечерал заедно со шефот на одделението на Мосад за Парис, покрај тоа што тврдел дека со семејството на наведеното лице ќе заминеле во Дубаи на одмор, беше утврдено дека заминал во Израел.

Од дописите беше утврдено дека постои сомнение за трансфер на одредени суми пари од банкарските сметки на некои француски агенти кои учествувале во заедничката операција. Во дописот се истакнува дека за да може точно да се утврди штетата на сметка на тајната служба, беше доставено барање за започнување сеопфатна истрага.

Ле Монд меѓудругото ја објавува и официјалната реакција на Франција и властите во врска со обидот на агентите на мосад за врбување на француските агенти, поради што било доставено барање двајца израелски агенти и шефот на одделението за Париз да ја напуштат Франција. Во рамките на истрагата бил сослушан дури и тогашниот шеф на разузнавачката служба Бернар Скуарсини, истакнува Ле Монд и потенцира дека истражните судии и натаму продолжуваат со истражувањето на наведените тврдења.