Најголемата подводна пештера во светот (ВИДЕО)

 

На полуостровот Јукатан во Мексико група од нуркачи и археолози откриле подводна пештера (Sac Actun) долга околу 347 километри, што според проценките претставува најголемата подводна пештера на Земјата. Пештерата е формирана со поврзување на две подводни пештери во источниот дел на Мексико и се претпоставува дека е стара повеќе од десет илјади години. Во неа пронајдени се артефакти од културата на Маите и научниците веруваат дека со ова откритие ќе може да откријат повеќе за Мајанската цивилизација. Мамутската пештера во државата Кентаки во САД и понатаму останува најголемата пештера од било кој вид во светот, со премини долги околу 591 километри.

 

Advertisement