Најголеми извозници на оружје во светот

Во последните пет години извозот на конвенционално оружје е зголемен за 8,4 отсто, соопшти Стокхолмскиот институт за истражување на проблемите на мирот. Фактички повеќе од половина од продаденото оружје во светот доаѓа од Вашингтон и Москва. Во тројката на лидери влегува и Кина, којa од 2012 година успеа да го зголеми својот удел во светскиот извоз на оружје од 3,8 на 6,2 отсто. Водечката петорка се оформува со Франција (6 отсто) и Германија (5,6 проценти). Согласно објавените документи на сајтот на СИПРИ, САД испорачува свое оружје во над 100 земји во светот. Русија – само во 50. Главните клиенти на американско оружје се наоѓаат на Блискиот Исток. Тоа се Саудиска Арабија, Израел, ОАЕ и Турција.

 

Advertisement