Најмалку 10 мртви, над три милиони луѓе без струја првичен биланс од ураганот Милтон

Најмалку 10 луѓе загинаа, а над три милиони останаа без електрична енергија при ударот на ураганот Милтон врз делови од американската сојузна држава Флорида.

Секретарот за национална безбедност на САД, Алехандро Мајоркас на брифинг во Белата куќа соопшти дека владата има извештаи за најмалку 10 смртни случаи.

Пет од нив се пријавени во округот Сент Луис на источниот брег на Флорида.

До 19 часот на Флорида беа потврдени 19 торнада, вчера беа регистрирани околу 45, информира Националната метеоролошка служба.

Гувернерот Рон Десантис рече дека државата го избегнала „најлошото сценарио“, но причинета е голема материјална штета.