Нападнат Духовниот водач на Македонците во Егејска Македонија Архимандрит Никодим Царкњас

Духовниот водач на Македонците во Егејска Македонија Архимандрит Никодим Царкњас сеуште активен борец за правата на Македонците во Република Грција , на 23 февруари бил нападнат од група млади луѓе додека бил во автомобилот во областа Саботско.

Во телефонска изјава за ТВ 24 Царкњас вели дека нападот кој не е прв а е со цел да го заплашат е само поради тоа што се декларира за македонец, проповеда на македонски и се бори за човековите права на македонците во Грција.

Вака 80 годишниот свештеник Никодим Царкњас го опиша нападот од неколку млади Грци на 23 февруари во околината на Сботско, кои со две возила му го блокирале патот за накај дома. Настанот се случил точно пред таканаречениот понтиски „Црноморски клуб на Алмопија“ во С’ботско чии членови практикувале екстремен национализам.

Откако учтиво побарал од групата да ги преместат возилата што му го блокирале патот, тие почнале вербално да го напаѓаат со лични и верски навреди. Вели физички повреди немал но се исплашил а настанот веднаш го пријавил во полиција. Лут што македонската влада многу малку правела за заштита на македонците во Грција, вели не е прв пат да е нападнат и заплашуван од овие луѓе и дека ваквите инциденти биле поради тоа што е Македонец, проповеда на македонски и се уште се бори за правата на Македонците во Република Грција.

Ја повикувамес грчката влада, Европската унија и сите соодветни меѓународни организации за човекови права да го истражат и прекинат ова поттикнато заплашување и да обезбедат заштита и граѓански права на македонските малцинства во Грција. Овие континуирани несовесни дела не се белег на модерна држава која ги почитува правата на своите граѓани, без разлика на нивната етничка припадност.

Архимандрит Царкњас кој над триесет години е активен борец за правата на македонското малцинство во Република Грција, поради што го исклучи и грчката црква од своите редови, вели нема да го поколебаат ваквите настани притоа заблагодарувајќи им се на неколкутемина, како што вели, совесни сожители грци кои сочувствувале со него и рекле дека се срамат од она што му го направиле напаѓачите.

Advertisement