Напаѓачот од Стразбур убиен од француската полиција (ВИДЕО)

 

Француската полиција во Стразбур го неутрализира терористот Шериф Шелат кој изврши терористички напад во вторникот. Терористот, познат на француската и германската полиција поради повеќе криминални дела, беше убиен на улицата Лазарет, јави париски Фигаро, повикувајќи се на полициски извори. Претходно беше јавено дека има нова полициска акција во квартот Недорф и во квартот околу стадионот на Стразбур – Мено, каде биле слушнати повеќе истрели. Очевидци исто така изјавиле дека полициски хеликоптер прелетал над стразбуршкиот реон „Ла Мено“. Шериф Шекат во вторникот вечерта отвори оган на божиќниот базар во Стразбур, при што уби три лица, а 13 беа повредени.

Advertisement