Народна банка на Република Македонија го претстави во понеделникот првичниот сликовен приказ на првите полимерни банкноти на Република Македонија, коишто на 15-ти мај годинава влегуваат во оптек, а се во апоенска вредност од 10 и 50 денари. Во рамките на активностите за публикување информативно-едукативни материјали за полимерните банкноти, наменети за јавноста, коишто НРБМ ги започна во текот на минатата седмица, првичниот сликовен приказ и кратко текстуално објаснување се објавени на официјалната страница на институцијата на социјалната мрежа Facebook, а сликовниот приказ е објавен и на официјалната страница на социјалната мрежа Twitter.
Advertisement