Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија најостро го осудува графитот ,,Смрт Македонцима” во Македонска улица во Белград

Известени сме дека во Македонска улица во Белград на столбот пред парфимеријата ,,ДМ” наспроти седиштето на весникот ,,Политика” и Радио Белград осамна графит ,,Смрт Македонцима”  во превод ,,Смрт на Македонците”.

Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија најостро го осудува секој вид на искажување на верската, расна или национална нетрпеливост и омраза. Припадниците на македонската национална заедница, како равноправни граѓани на Република Србија од секогаш го почитуваа уставниот поредок, законите и прописите на државата која што има повеќе од јасна намера да стане припадник на народите обединети во Европската унија.

Сметаме дека е недозволиво и најостро го осудуваме искажувањето на нетолеранција или омразата према македонскиот народ. Од тие причини, претседателот на Македонскиот национален совет побара од надлежните институции да ги преземат сите мерки од декокругот на нивните овластувања и надлежности, за да овој графит биде избришан, починителите најдени и казнети, за да ваков гест никогаш повеќе не би се повторил.

Advertisement