Национаниот совет на Македонците во Србија ги повикува сите Македонци својата национална припадност да ја запишат во матичната книна на родените

Од почетокот на годината припадниците на националните малцинства имаат можност својата национална припадност да ја запишат во матичната книна на родените. Тоа им го овозможија Измените и дополненијата на Законот за матичните книги. Уписот на податоците е доброволен, а покрај националната припадност оние кои сакаат ќе можат во матичната книга на родените да упишат и промена на полот.

Единствена база на податоци

Во Министерството за државна управа и локална самоуправа велат и дека една од новините на овој Закон е и водење на матичните книги во електронска форма, што значи дека Србија ќе има Регистер на матинчни книги кои ќе биди единствена база на податоци. Електронското водење на евиденцијата овозможува и електронска размена на податоците со другите службени евиденции, кои ги водат различни тела. Законските измени би требало конечно да воведат ред и во пописот на бирачите, бидејќи матичните книги на родените ќе бидат поврзани со единствениот бирачки список, а тоа би требало да осигура ажурност, точност и поузданост на податоците. Од Министерството велат дека матичарите во општините и градовите скоро во потполност го завршија преписот на податоците од матичните книги, за последните 100 години.

Упис на национална припадност

Националната припадност се упишува едноставно и без посебна процедура. Со лична карта, странката до матичарот во градска/општинска управа поднесува усмено барање дека сака својата национална припадност да ја запиши во матичната книга на родените. Матичарот, врз основ на личните податоци и усменото барање сочинува записник, кој го потпишуваат и странката и матичарот. Потоа на странката и се издава извод со упишаниот податок за националната припадност. Такса за оваа промена во изводот не се наплатува. Кај малолетни деца, постапката е малку посложена, бидејќи националната припадност можи да се упиши само со присуство на двата родители кои својата согласност ја потврдуваат со потписи на записникот. Национаниот совет на македонското национално малцинство ги повикува сите припадници на македонското национално малцинство во Република Србија да се обратат доколку во остварувањето на ова право имаат некои потешкотии и проблеми.