Навални приведен по слетувањето во Москва (ВИДЕО)

Рускиот опозициски, Алексеј Навални слета на аеродромот Шереметјево во Москва, по што беше задржан во притвор. На Навални претходно му беше порачано дека ако не се врати до 30 декември во Русија, дека ќе биде уапсен поради непочитување на одредбите од условната казна. Според Франс прес, пилотот на авионот со кој Навални летал од Берлин, најпрво најавил доцнење од 30 минути поради „технички проблеми“, а потоа им јавил на патниците дека авионот е пренасочен на московскиот аеродром Шереметјево. Рускиот опозициски политичар во Германија се лекуваше од наводното труење со нервен агенс во Русија, а Кремљ отфрла секаква поврзаност со труењето. Пред влегувањето во авионот во Берлин, Навални кажа дека се чувствува „многу среќно“.