
Во организација на Македонскиот клуб „Илинден“ од Лацен, Хановер, распродадени се сите карти во гостинскиот блок за натпреварот помеѓу РК Алкалоид и Хановер Бургдорф, кој ќе се игра на 31 август во Хановер.
Вкупно се продадени 250 карти на македонци од регионот, што говори за огромниот интерес и поддршка од македонската заедница во Хановер. Натпреварот е дел од квалификациите за пласман во групната фаза на ЕХФ Европската лига.
Дуелот со германскиот тим Хановер Бургдорф ќе се игра во два натпревара – првиот во Германија, а реваншот во Скопје на 6 септември. РК Алкалоид ќе има силна поддршка од трибините, а атмосферата ветува вистински спортски спектакл!
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden