Неколкупати поголема фреквенција на граничниот премин Џепиште – Требиште областа Голо Брдо минатата година. Според статистиката на македонското министерство за внатрешни работи за влез и излез на граничниот премин Џепиште – Требиште за влез се регистрирани 1.455 македонски државјани, а на излез 1.500. Од друга страна, на овој премин, бројот на странски државјани е неколкупати поголем. Бројот на странски државјани за влез е 18.034, а на излез 18.111 лица, жители.
Овој граничен премин е од локален карактер, во летниот период работи од 6 до 20 часот, додека во зима од 8 до 18 часот и право да го користат имаат жителите од граничниот регион. Граничниот премин Џепиште – Требиште во областа Голо Брдо главно се користи за посета на роднини, пријатели или по повод домашни веселби, поради роднинската поврзаност со жители од македонските села во областа Голо Брдо но и од Дебар.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden
