Некст Тајм ја промовираа „Нешто ќе те питам бабо“ (ВИДЕО)

Синоќа во Драмскиот театар во Скопје „Некст тајм“ ја промовираа третата песна во низа од проектот за преработка на стари македонски песни. После многу успешните „Ја излези Ѓурѓо“ и „Слушам кај шумат шумите“, успешниот тим се здружи за да ја реализира најновата верзија на „Нешто ќе те питам бабо“. Во најавата за промоцијата, браќата Мартин и Стефан Филиповски порачаа: „Со гордост ви најавуваме промоција за нов видеозапис, за уште една македонска народна песна „Нешто ќе те питам бабо“. Аранжманот е дело на Никола Мицевски, а приказната преку режија ја раскажа Огнен Шапковски.

 

 

Advertisement