Николоски од терен: Автопатот Охрид–Кичево добива форма – „Се гледа крајот“ (ФОТО)

Министерство за транспорт

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, денеска извши увид во изградбата на автопатот Охрид-Кичево. На својот фејсбук профил објави дека автопатот се гради со одлично темпо.

„На терен со вредните работници кои го градат автопатот Охрид – Кичево. Одличен напредок! Што би рекол нашиот народ – „Се гледа крајот“

Брз, сигурен и најсовремен автопат, со најдолгите тунели во Македонија, галерии и вијадукти е на повидок.

Ја градиме Македонија! – објави вицепремиерот Николоски.