Николоски пред претставници на Јапонската надоврешна трговска организација: Македонија нуди најдобри услови за инвестирање од целиот регион

Фото: Министерство за транспорт

Македонија нуди најдобри и најконкуретни услови за инвестирање во целиот регион. Имаме континуиран раст на БДП, раст на индустријата и единаесет квартали раст во градежништвото. Исто така, даночната политика е најповолна бидејќи имаме најниски даноци во регионот со што ја прави земјава атрактивна за инвестирање, се обрати заменик претседателот на Владата, Александар Николоски, на средбата со претставници од Јапонската владина организација за унапредување на надворешната трговија-ЈЕТРО.  

“Во однос на глобалната криза, се обидуваме да ги задржиме добрите економски показатели и со гордост можеме да кажеме дека во целиот реигон на Југоисточна Европа имаме најниска инфлација која се движи во просек од околу 3 %, она што е во европски просек. Во однос на бруто домашниот производ, многу ми е драго што релавантни финансиски институции како што се ММФ и Светска банка, два пати ги корегираа своите предвидувања и очекувам годинава да ја завршиме со раст од  3,8 % на БДП. ​Две години имаме стабилен раст на бруто домашниот производ, исто така, растот во индустриското производство бележи позитивни движења, а во градежништвото имаме раст веќе 11 последователни квартали. Во таа насока решивме да инвестираме и со буџетски средства и со приватни средства и тоа може да се види на терен” – исaтка Николоски

Тој додаде дека Македонија има убедливо најниска даночна политика во регионот. Земјата има потпишано Договор за стабилизација и асоцијација со ЕУ, кандидатски статус и почеток за преговори со ЕУ, а врз основа на тоа и олеснување на трговијата со земјите членки на ЕУ.

“ Зeмјата е членка ЦЕФТА и ЕФТА договорот за слободна трговија  Имаме потпишано Договори за слободна трговија и со ЕУ, така што може да се извезува без дополнителни давачки.  Исто така имаме потпишано Договори за стратешко партнерство со Велика Британија, Труција, Унгарија и САД.  Она што сакам да го кажам е дека Македонија има убедливо најниски стапки на даноци во регионот. Персоналениот данок на доход изнесува 10 %, данокот на добивка е  исто 10 % која што добивка не се оданочува ако се реинвестира. Имаме добро обучена работна сила, во земјата се употребува дуално образование” – додаде вицепремиерот Николоски.

На средбата истакна дека очекува продлабочување на  односите меѓу двете земји, како во поглед на трговската размена, така и во поглед на инвестициите и другите форми на економска соработка.

ЈЕТРО е владина организација за надворешна трговија која поттикнува меѓународна трговија, инвестиции и деловна соработка помеѓу Јапонија и остатокот од светот.