Новата 2018 година дојде во Нов Зеланд и Австралија (ВИДЕО)

Жителите на Самоа и Кирибати беа првите кои во 11 часот по средноевропско време ја дочекаа новата 2018 година, а набрзо потоа 2018-та пристигана и во Нов Зеланд. Новата година во Нов Зеланд беше дочекана во Окланд, со огномет од кулата „Скај“. Во 13 часот по средноевропско време Нова Година ќе пристигне во делови од Русија, а еден час подоцна и во Австралија каде се најавени спектакуларни огномети во Сиднеј. Први јануари на крај ќе го дочекат во американска Самоа и на островот Ниџуе во јужниот дел на Тихиот Океан, односно кај нив, гледано според средноевропско време, новата година ќе дојде дури утре.

 

Advertisement