
Државниот архив објави нови документи за илинденскиот период-илинденските списи ја чуваат и шифрираната азбука на Гоце Делчев. Државниот архив во очи прославата за Илинденското востание објави нови документи кои само ги потврдуваат фактите дека на 2 август 1903-тата Крушево и Македонија го дадоа Илинденското востание кое иако задушено сепак претставува темелот за Македонската државност. Овие нови документи, фотографии и акти појасно го „осветлуваат” нашето историско минато и потврдуваат дека Илинден како ненадминат историски настан е дел од нас.. Според прилепскиот архив факт е дека голем пресврт прави Илинденското востание во тој период бидејќи целиот Балкан и светот зборуваат за него, за идеологијата на Илинденците, бидејќи најголемиот број биле интелектуалци кои добро се организирале и ја побудиле свеста кај народот. Историјата секогаш нѐ обврзува ништо и никого да не заборавиме смета првиот човек на Државниот архив..
-Ексклузивно е што се непобитни историските докази преку испишаните страници и документи, посебно од фондовите што се користени: од Околиската управа од Прилеп, од Општинската управа од Прилеп од 1869 до 1912 година каде се запишани многу политички, економски промени, општо, живеењето во подрачјето на Крушево и во околината. Единствено сведоштво е и Катастарската управа, па Финансиската управа од Прилеп, Таписката управа, збирката на турски документи од фермани, збирка на фотографии на познатите илинденци: Гоце Делчев, Никола Карев, Пере Тошев.
Архивот ја отвора вратата за досега непознатите илинденски документи. За ние повеќе да се осознаеме кои сме, а историчарите да можат да вршат обемни истражувања со што би се збогатила нашата историја со нови докази за тогашниот и понатамошниот период за Македонија. Се презентира документација која јавноста првпат може да ја види: преведени турски документи од Османлискиот период, околу 300 биографии на илинденци кои учествувале во Илинденското востание и необјавени документи за илинденскиот период. Еден од поинтересните документи во архивот е шифрата за тајно комуницирање и организирање меѓу илинденците составена од Гоце Делчев за да не бидат откриено од Османлиите.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden