Новиот амбасадор на Македонија во Албанија, Веле Трпевски, денес ги презентираше приоритетите пред Комисијата за надворешна политика

Новиот амбасадор на Македонија во Албанија, Веле Трпевски денес ги презентираше приоритетите пред Комисијата за надворешна политика. Трпевски по третпат е именуван за амбасадор на Македонија и со исклучок на вториот мандат кога беше во Австралија, повторно во Албанија.

Моментално амбасадорот Веле Трпевски е директор на Директорат за организациони работи во Министерство за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија.