Новиот британски крал Чарлс III и се обраќа на нацијата по смртта на кралицата Елизабета Втора (ВИДЕО)

Новиот британски крал Чарлс III ѝ се обраќа на нацијата по смртта на неговата мајка, кралицата Елизабета Втора. Чарлс III, кој побрза да биде покрај кралицата пред таа да умре во нејзиниот дом во Шкотска, допатува назад во Лондон со сопругата Камила. Илјадници луѓе ги пречекаа пред Бакингемската палата. Пред обраќањето, кралот ја одржа својата прва средба со премиерката Лиз Трас.

„Денес ви зборувам со чувство на длабока тага“, рече тој. „Во текот на нејзиниот живот, Нејзиното Височество Кралицата, мојата сакана мајка, беше инспирација и пример за мене и за целото мое семејство. Ние и го должиме најискрениот долг што секое семејство може да ѝ го должи на својата мајка за нејзината љубов, наклонетост, водство, разбирање и пример“, додаде тој.

„Животот на кралицата Елизабета беше добро проживеан“, рече Чарлс.

„Знам дека нејзината смрт носи голема тага кај многумина од вас и ја споделувам таа тага со вас. Во последните 70 години нашето општество стана мултикултурно. Институциите на државата многу се променија. Но, со сите овие промени, нашите вредности останаа и мора да останат константни.“ , рече меѓу другото новиот британски крал, а за прв пат по 70 години се слушнаа извиците „ Господ да го чува кралот“ .

Вилијам сега е принц од Велс, рече кралот Чарлс.

„Денес сум горд што го именував како Принц од Велс. Со Кетрин покрај него, знам дека нашиот нов принц и принцеза од Велс ќе продолжат да ја инспирираат и водат нашата нација“, додаде кралот.

Тој рече дека исто така сака „да ја изразам мојата љубов кон Хари и Меган додека тие продолжуваат да ги градат своите животи во странство“. За Камила, сега кралицата Консорт, тој рече: „Знам дека таа ќе ја донесе, во нејзината нова улога, непоколебливата лојалност на која толку многу се потпирам“.

Advertisement