Новогодишно обраќање на Ѓерѓ Мура извршен директор на Фондот за Западен Балкан

Почитувани партнери, колеги и пријатели на Фондот на Западен Балкан (WBF), Крајот на една година е добро време за размислување за достигнувањата и да се види што сè уште треба да се постигне! За нас на Фондот на Западен Балкан (WBF), како и за повеќето од вас, 2020 година беше година на не-претходни предизвици создадени од пандемијата COVID 19. И покрај пандемиските предизвици, нашиот Секретаријат беше во редовен контакт со Советот на високи функционери и со Претседателското, со цел да обезбеди континуитет во однос на управувањето и донесувањето одлуки и да сподели увид во однос на предизвиците што ги доживува граѓанското општество. Преку овој процес, конференцијата на министрите за надворешни работи на Фондот на Западен Балкан (WBF) го одобри списокот со 24 добитни проекти во рамките на 3-тиот повик за проекти.

Фондот на Западен Балкан (WBF) успешно ги затвори проектите на Вториот повик и одржуваше редовна комуникација со сите грантисти, разговарајќи за алтернативни решенија за секој проект, согласно новите мерки и правила што подразбираат физички состаноци, во некои случаи усвојувајќи го потребното прилагодување и идентификувајќи решенија по мерка. Од ден на ден, научивме и се подготвувавме за активно комуницирање помеѓу нас и со сите партнери. Во текот на оваа година, Фондот успешно го организираше Самитот на граѓанското општество на Западен Балкан во Тирана и се обиде да ја задржи видливоста висока преку одржување на активна комуникација со својата публика преку своите социални мрежи, преку различни активности за односи со јавноста. Нова година, драги пријатели, шанса е да дочекаме нов почеток за да го заживееме нашиот ентузијазам за бркање цели и соништа! Здравје среќа, и просперитет во 2021 година! – стои во честитката потпишано од Ѓерѓ Мура извршен директор на Фондот за Западен Балкан.

Advertisement