
Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР за локалните избори во Република Албанија во својот извештај за првите две недели од изборната кампања оценува дека таа досега била со „релативно скромен и умерен тон”.
Мисијата се задржува и на бројот на кандидатите, каде меѓу другото забележува дека вкупно 40 партии и коалиции со 144 кандидати за градоначалник и околу 23.700 кандидати за совети на општините конкурираат за 61 место за градоначалник и 1.603 места за членови насоветите. Од вкупниот број двајца се независни кандидати за градоначалник и десет за општински совети.
Препорака е доследно да се користат средствата одобрени ид буџетот за активности на партиите.
Инаку според Централната изборна комисија од буџетот, за активности на политичките партии одобрени се над 97 милиони лека.
Распределени се на 14 политички партии. Најмногу доби Социјалистичката партија 42,8 милиони, Демократската 24,9 и Партијата на слободата 15,5 милиони лека. Фондот важи само 30 дена( време на кампања) и доколку не се искористи ќе треба да се врати во државниот буџет, стои во објава на веб страната на ЦИК.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden