Руската авиокомпанија „Нордвинд Ерлајнс“ од 21-ви септември воведува нова авиолинија Санкт Петрбург – Скопје. Компанијата соопшти во четвртокот дека летовите ќе се одвиваат еднаш седмично, секој вторник. Од 29-ти септември, „Нордвинд Ерлајнс“ планира да ја зголеми и фреквенцијата на летови од Москва до Скопје. Директни летови Москва – Скопје ќе има трипати во седмицата, и тоа секој понеделник, среда и петок.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden
