Одбележани 147 години од Македонското Кресненско востание во Пиринска Македонија

На 26 октомври 2025 година, Димитровден и покрај празникот и невремето Македонците од сите делови на Пиринска Македонија, од Софија, како и гости од Република Македонија, традиционално ја одбележаа јубилејната од Македонското кресненско востание.

Прославата започна во градот Кресна пред споменикот на Димитар Поп-Ѓоргиев-Беровски. Зборот за херојот водачот на востанието изговори копретседателот на ОМО Илинден”-Пирин, Стоико Стоиков.
Со полагање венци и цвеќиња и со минутен молчење, јунакот и херојот беше почестен во востанието и за слободата на Македонија. Направена е групна фотографија.

Вториот дел се одржа во село Стара Кресна, каде започна востанието. На плоштадот пред споменикот, говор за востанието читаше претседателот на ОМО “Илинден” Кирил Тилев. Положени венци и цвеќиња. Со минута молчење и паѓање на колена, се почести споменот на бунтовниците.

Третиот час продолжи во село Оштава. Поради празникот се одложија свештеникот и парастосот. Учесниците го прославија празникот под крошниците до црквата, со македонски патриотски песни и многу забава. По доаѓањето на свештеникот, беше одржан парастос за загинатите во Кресненското востание и за слободата на Македонија.