Одбележани 30 годишниот јубилеј од воспоставување на македонско – албанските односи во Тирана

Во организација на Амбасадата на Македонија, синоќа во Тирана, со прекрасен пијано концерт на познатата пијанистка Ема Попивода беше одбележан 30 годишниот јубилеј од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Северна Македонија и Албанија.

Попивода пред дипломатскиот кор, претставниците на македонското национално малцинство, бизнис заедницата и истакнати личности од јавниот живот на Албанија, го изведе уникатниот музички проект ,,Македонски ноктурни”, кој содржи дванаесет композиции напишани за соло пијано од македонскиот композитор Димитрие Бужаровски, кои се темелат на македонски народни песни.

Уникатните етно звуци на специфичните неправилни ритми карактеристични за нашата народна музичка традиција наидоа на мошне добар прием кај присутните гости. По свечениот дел следуваше пригоден коктел.

Advertisement