Одбележен 8 декември “Ден на Македонскиот јазик во Романија“

Претседателот на Романија со декрет го прогласи 8-ми декември за “Ден на Македонскиот јазик во Романија“. По овој повод, Македонската заедница во Романија го одбележа празникот со културна манифестација.

Македонците во Романија, мотивирани се со верба во знаењата на Конески, но и од духовната упорност и од трпението на Свети Климент, како и од визионерството на Крсте Петков Мисирков и на целата редица македонски дејци и просветители кои го одбранија заслуженото место на Македонскиот јазик како посебност во светската ризница на јазиците, – рече Мариана Венера Попеску претседател на Македонската заедница во Романија.

8 декември за “Ден на Македонскиот јазик во Романија“ е определен со Декрет на Претседателот на Романија, Клаус Вернер Јоханис, број 625 од 26 јули 2018 година за прогласување на Законот за основање на Ден на Македонскиот јазик, во согласност со членот 77 став 1 и членот 100 став 1 од Уставот на Република Романија.

Мариана Венера Попеску е пратеник во романскиот парламент во кој ја претставува Македонската заедница.

Advertisement