Одржан Македонски културен фестивал во Мербурн

 

Завчера во Commonwealth Reserve Williamstown се одржа традиционалниот Годишен Македонски културен фестивал Мелбурн 2018. На фестивалот присуствуваа млади и стари од сите генерации Македонци во Мелбурн. Годишниот Македонски културен фестивал во Мелбурн започна со интонирање на Австралиската и Македонската национална химна. Програмата на Фестивалот беше исполнета со богата културно-уметничка програма и неизбежните македонски песни и ора подготвени од македонските културно-уметнички друштва во Мелбурн. Присутните имаа можност да вкусат традиционална македонска храна и вина изложени на повеќе штандови во паркот. Присутните ги поздравија претставници на градоначалникот на општина Williamstown.

Advertisement