ОМД назначени прв директор Вероника Томова за Македонија

Обединетата македонска дијаспора ја назначи Вероника Томова за прв директор за Македонија. Таа ќе работи во Скопје и ќе биде задолжена за Македонците во Албанија, Бугарија, Грција, Косово, и Србија. Според претседателот на ОМД Стојан Николов, одлуката на организацијата да ја прошири дејноста во Македонија е многу значајна не само од организациски аспект, туку има и своја симболика.

Тоа покажува дека ОМД инвестира во иднината на нашата татковина и работи на унапредување на соработката и на врските со владата, цивилното општество и локалните заедници“, вели Николов.

„Со воспоставувањето на база во Скопје, ОМД става јасно до знаење дека дијаспората е партнер кој стои позади иднината на Македонија. Има реални можности за вклучување на различни засегнати страни и поттикнување на поголемо разбирање за улогата на дијаспората во демократскиот развој на Македонија и Југоисточна Европа“,рече Томова

Advertisement