Ориѓански: 6 месеци чекаме Албанија да го ратификува договорот за Македонски културно-информативен центар во Тирана

Познатиот музичар, Златко Ориѓански, кој е именуван за прв директор на новоформираниот Македонски културно-информативен центар во Тирана, реагира на бавноста на албанскиот Парламент, без кого не може да започне со работа оваа институција.

,, Цели 6 месеци чекаме, Република Албанија да го ратификува во својот парламент, (формална постапка која се прави за 5 мин), потпишаниот договор за отворање на Македонски културен центар во Тирана, албански во Битола, aтомска централа да отворавме, полесно ке одеше. Македонската страна, одамна го заврши својот дел од постапката. Интересни се сите наши соседи, сакаат да имаат влијание во Мкд, ама ич не им се бендисува ако некој од овде, стапне во нивниот двор.. Овој факт, добро е да го знаат нашите сограѓани со албанско етничко потекло и медумите во Мкд на албански јазик. Божествено голема тајна е да знаеш да земеш, ама уште поголема да дадеш“-напиша Ориѓански на својот ФБ профил.

По потпишаната Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Советот на министри на Албанија за основање Културно-информативен центар на Република Македонија во Тирана и Културно-информативен центар на Република Албанија во Скопје, Ориѓански беше именуван за прв директор,а овој културно-информативен центар.

„Двете институции се формираат за да организираат во своите простории библиотеки и читални, да издаваат или увезуваат публикации кои се однесуваат на културните и научните информации од својата земја. Исто така, ќе прикажуваат филмови во и надвор од своите простории, со посредство на институциите во земјата домаќин, ќе организираат литературни, научни и други предавања проследени со визуелни илустрации или музички изведби и ќе организираат во своите простории секаков вид изложби“, информираат од Министерство за култура./www.ako.mk

Advertisement