Еквадор го повлече азилот за основачот на „Викиликс“ Џулијан Асанжи, за потоа тој да биде уапсен во амбасадата на Еквадор во Лондон. Kако што јавува „БиБиСи“, тој е уапсен после седум години поминати во амбасадата на Еквадор која му одобри азил.
Веста ја потврди британскиот министер за внатрешни работи Саџид Џавид.
„Можам да потврдам дека Асанж е во притвор и оти е соочен со правосудството во Британија“ – изјави министерот.
„Викиликс„ на својот Твитер налог објави дека полицијата веднаш влегла во зградата и го привела.
Асанж во амбасадата на Еквадор се наоѓаше од август 2012, откако се сокрил од страв дека британските власти ќе го уапсат и ќе го екстрадираат во САД, кои го бараат поради објавување на илјадници тајни воени и дипломатски документи.
Асанж некои го доживуваат како херој, бидејќи како што сметаат, ги разоткрил владите по повод злоупотребата на овластувањата и го сметаат за борец за слободата на говор. За други тој е бунтовник кој ја загрозил безбедноста на САД.
https://www.facebook.com/RTUKnews/videos/403913447065061/
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden
