
Владите кои се дел од иницитивата, преку заедничка седница ќе создаваат атмосфера за приближување на младите, кои наместо да се иселуваат, ќе им се овозможи самите да ги креираат политиките. Препораките преку работилници ќе им ги презентираат на институциите кои потоа ќе треба да ги интегрираат во опшетството. Директорот на агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски вели дека веќе се работи на национална стратегија која ќе ги следи реалните потреби на младите лица и да одговори на барањата кои тие ги имаат. Таа содржи 7 точки кои се најпотребни и се дел до секојдневието на младите.
Ние немаме друга алтернатива освен да создаваме мостови за поврзување на младите и да го трасираме патот по кој тие можат да се реализираат и да бидат промената која што сите ја сакаме. „Отворен Балкан“ отвора нови перспективи и можности кои обезбедуваат сигурен напредок на регионот, иднината на младите е фокусот на земјите членки на „Отворен Балкан“.
Министерот за Млади и спорт на Србија, Вања Удовичиќ вели дека ова е можност за меѓусебно учење чие искуство ќе се имплементира преку стратешките документи. Според него тоа е со една заедничка цел, овој регион да се крои по мерка на сите млади лица, бидејќи како што вели, тие се иднината и движечката сила на утрешнината, а одлуката за промена треба да ја носат сите.
Одлуката да се менуваме себеси мора да биде составен дел од нашиот живот, а не да гледаме од другите, не да очекуваме другите да не менуваат нас, да прифатиме дека таа одлука почнува од нас, оној момент кога ќе се разбудиме наутро и кога ќе сфатиме дека немаме веќе време за губење и дека баш младите мора да ги поставиме на пиедесталот на слушање, на пиедесталот на онаа движечка сила и разбирање и да учиме од младите преку нивната желба и енергија и низ нивната волја да го менуваат регионот, а и себеси.
Министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска вели дека без еден стратешки и координиран и мултисекторски пристап на сите релевантни чинители и министерства не можат да се постигнат очекувани резултати кои ќе ги подобрат условите за живот на младите.
Стратегијата наведува три стратешки цели што треба да се постигнат, се со цел унапредување на целосно продуктивно и слободно избрано вработување, односно подобрување на квалитетот на образовните исходи на сите нивоа, зајакнување на политиките за развој на економијата и претпријатијата во создавање на пристојни работни места и зајакнување на инклузивноста на политиките на пазарот на трудот.
Тренчевска додаде дека Македонија е прва земја од западен балкан, а и единствена надовор од ЕУ која почнала да ја спроведува гаранцијата за млади, според која во рок од 4 месеци заводот за вработување треба да им обезбеди работа на младите, а тука се вклучени и праксата и обуките за што подобро работно место.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden